Свет

Трамп го обвини Џинпинг дека со Путин и Ким Џонг-ун прават заговор против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини кинескиот лидер Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини кинескиот лидер Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Изјавата на Трамп дојде додека Кина беше домаќин на најголемата воена парада по повод Денот на победата, на која присуствуваа 26 шефови на држави, вклучувајќи ги Путин и Ким.

„Пренесете ги моите најтопли поздрави на Владимир Путин и Ким Џонг-ун додека заговорнички делувате против Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата мрежа „Трут соушал“.

Кина се обидува да се позиционира како противтежа на САД по царините на Трамп, кои го нарушија глобалниот економски и политички поредок.

Иако некои го толкуваат присуството на Путин и Ким како порака до Западот, кој ги изолираше, Трамп изјави дека не ја гледа парадата како предизвик за САД.

На прашањето од Би-Би-Си дали Пекинг и неговите сојузници формираат коалиција против САД, Трамп рече: „Не. Воопшто не. На Кина ѝ требаме“.

Трамп нагласи дека има „многу добри односи“ со Си и истакна дека е уверен во американската воена надмоќ. – Америка има најмоќни вооружени сили во светот, и тие никогаш не би се осмелиле да ги употребат против нас. Тоа би било најлошата работа што би можеле да ја направат, рече тој во радио интервју.

Во истото интервју, Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од Путин поради неуспехот да постигнат мировен договор за Украина за време на нивната средба во Алјаска минатиот месец. – Ќе преземеме нешто за да им помогнеме на луѓето да живеат во Украина, најави тој, без детали.

Кина, иако не ја осуди руската инвазија, е обвинувана од Западот дека ѝ помага на Москва преку набавка на нафта и испорака на материјали со двојна намена. Пекинг ги отфрла овие обвинувања.

Јапонија одби да ја коментира парадата, наведувајќи дека со Кина гради „конструктивни односи“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top