Свет

Трамп: Израел победува во Газа, но ги губи односите со јавноста

Израел „можеби ја добива војната“ во Газа, но губи „во светот на односите со јавноста“, изјави американски претседател Доналд Трамп.

Израел „можеби ја добива војната“ во Газа, но губи „во светот на односите со јавноста“, изјави американски претседател Доналд Трамп во интервју за конзервативното издание „Дејли Колер“, пренесуваат британските медиуми.

Трамп, долгогодишен сојузник на Израел, призна дека јавното мислење се менува. Тој беше запрашан за истражување на Пју кое покажа пад на поддршката за Израел кај помладите републиканци.

„Имам добра поддршка од Израел… никој не направил повеќе од мене. Но ако се вратите 20 години наназад, Израел имаше најсилно лоби во Конгресот. Денес тоа не е така. Тоа е неверојатно“, изјави Трамп.

Тој додаде дека војната во Газа сериозно го оштетува имиџот на Израел во светот. „Ќе мора да ја завршат таа војна. Можеби ја добиваат на терен, но ја губат во односите со јавноста“, рече тој.

Трамп нагласи дека некогаш било незамисливо политичар да зборува против Израел, но денес тоа е можно. „Сега ги имате AOC и уште три други, сите овие луди луѓе што го променија тоа“, додаде тој, мислејќи на демократските конгресменки Александрија Окасио-Кортез, Илхан Омар, Ајана Пресли и Рашида Тлаиб.

Критики за Израел доаѓаат и од редовите на републиканците. Марџори Тејлор Грин стана првата конгресменка од партијата која го обвини Израел за „геноцид“ во Газа. Стив Бенон, поранешниот главен стратег на Трамп, изјави дека Израел не е вистински сојузник на САД и дека кругот на Нетанјаху е несигурен.

Во меѓувреме, Меѓународното здружение на експерти за геноцид усвои резолуција со која заклучува дека израелските дејствија во Газа ги исполнуваат условите за геноцид според Конвенцијата на ОН од 1948 година. Резолуцијата беше поддржана од 86% од гласачите од вкупно 500 членови.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top