Свет

Трамп ќе бара Иран да плати отштета

Според Техеран, САД прво мора да ги исполнат условите, вклучувајќи отштета и крај на санкциите и воените закани, пред да може повторно да се отвори Ормускиот Теснец

 

Американскиот претседател изјави дека ќе бара Иран да плати отштета за сите повредени или убиени во нападите за кои земјата е одговорна во последните децении.

Ова го објави „Вашингтон Тајмс“, повикувајќи се на изјава на шефот на државата на социјалната мрежа Truth Social.

Тој ја даде оваа изјава како одговор на барањето на Иран за отштета за штетата претрпена од нападите на САД и Израел.

Претходно, Иран објави во текот на викендот дека е блиску до договор со Оман за системот за управување со превозот во Ормутскиот теснец.

Според Техеран, САД прво мора да ги исполнат условите, вклучувајќи отштета и крај на санкциите и воените закани, пред да може повторно да се отвори стратешкиот воден пат.

Според иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, „отворањето на Ормутскиот теснец зависи од други услови, вклучувајќи отштета за прекршувањата на Меморандумот од Исламабад од страна на САД“.

„Ова е интересна мисла, бидејќи веќе барам отштета од Иран за сите луѓе што ги убија и сериозно ги повредија со нивните бомби покрај патот и бројни конфликти“, напиша тој во Truth Social.

Трамп, исто така, побара отштета од Иран за терористичкиот напад врз бродот „УСС Коул“ на 12 октомври 2000 година, во кој загинаа 17 морнари, а повеќе од 30 беа повредени.

Американскиот претседател додаде дека Техеран треба да им исплати отштета и на семејствата на илјадниците жртви на антивладините протести во јануари.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top