Свет

Трамп ќе ги чисти американските градови од бездомници

Над 770 илјади е бројот на бездомниците во САД

Американскиот претседател потпиша извршна наредба со која им се олеснува на градовите и државите отстранување на бездомниците од улиците како и за нивно лекување на друго место, објави Ројтерс.

Според Министерството за домување и урбан развој на САД, бројот на бездомници во САД е нешто над 770.000.

Според портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, ова ќе „им помогне на Американците да се чувствуваат безбедно“ и ќе им обезбеди помош на луѓето со зависности и нарушувања на менталното здравје.

Наредбата на претседателот предвидува федерално финансирање за преместување на луѓето на улиците кои „предизвикуваат јавен неред и страдаат од сериозни ментални болести или зависност“ во „центри за лекување, установи за помош при живеење или други установи“.

„Преместувањето на бездомниците во долгорочни, хумани институционални услови преку соодветна употреба на граѓански ангажман ќе го врати јавниот ред“, се вели во наредбата.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top