Свет

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе се залага за воведување смртна казна за секое убиство во Вашингтон, иако таа е укината во 1981 година.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе се залага за воведување смртна казна за секое убиство во Вашингтон, иако таа е укината во 1981 година.

Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна. А тоа е силно средство за одвраќање, рече Трамп за време на состанокот на својот кабинет во Белата куќа.

Неговата администрација има овластување да бара смртна казна за убиства на федерално ниво, но не и за случаи што спаѓаат под локална надлежност.

Трамп е познат по својата поддршка за смртната казна и се верува дека би можел да иницира промени во постоечките закони во Вашингтон, кој има посебен статус, а неговите работи се под надзор на Конгресот.

Во 1992 година, Конгресот организира референдум за повторно воведување на смртната казна во Вашингтон по убиството на еден негов помошник, но предлогот беше одбиен од две третини од гласачите во тој дом.

На почетокот на својот втор мандат, Трамп потпиша извршна наредба со која се повикува на зголемена примена на смртната казна за најтешки кривични дела и ги задолжи сојузните обвинители почесто да бараат такви обвиненија.

Смртната казна е укината во 23 сојузни држави во САД, додека три држави имаат воведено мораториум на нејзината примена.

Три сојузни држави – Аризона, Охајо и Тенеси – привремено ја суспендираа смртната казна, но изразија намера повторно да ја активираат

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top