Свет

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови.

– Ќе ги удираме многу силно во текот на следната недела – изјави денеска Трамп за Fox News Radio.

– Уништивме поголем дел од нивните ракети – додаде тој.

Трамп исто така рече дека кредибилитетот на новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ставен на тест по заканите од Техеран, пренесе ДПА.

– Многу зборуваа, па сега тој ќе мора да се докаже – рече Трамп, мислејќи на изјавите на иранските официјални лица.

Хамнеи, во изјавата што вчера ја прочита спикерот на државната телевизија, повика на одмазда за жртвите во војната со Соединетите Американски Држави и Израел.

Техеран, исто така, ќе продолжи да го користи Ормускиот Теснец, витален воден пат за нафта и гас, како средство за притисок против своите непријатели, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top