Свет

Трамп: Напаѓам, не напаѓам

Откако вчера го одложи нападот сега вели дека можеби тој ќе се случи за два или три дена, можеби петок, сабота, недела, или следната седмица

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека САД можеби ќе треба повторно да го нападнат Иран и дека претходно бил само еден час од одлуката за напад пред да го одложи нападот, објави Ројтерс.

„Бев на само еден час од донесувањето на одлуката за напад денеска“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Според него, иранските лидери бараат договор, но новиот американски напад ќе биде извршен во наредните денови доколку не се постигне договор.

„Два или три дена, можеби петок, сабота, недела, нешто слично, можеби почетокот на следната недела, ограничен временски период бидејќи не можеме да им дозволиме да имаат друго нуклеарно оружје“, рече тој.

Претходно Трамп го одложи воениот напад планиран за вторник бидејќи се водат „сериозни преговори“.

Трамп го објави ова на социјалните мрежи во понеделникот, откако се закани во текот на викендот дека времето за договор со Иран истекува и дека борбите би можеле да продолжат.

Трамп пак се премисли – го одложи денешниот напад врз Иран

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top