Свет

Трамп не признава ништо што Бајден потпишал со „автопен“

Автоматско пенкало или автопен (неформално познато како машина за потпишување), е механички уред кој се користи за реплицирање на човечки потпис

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги поништува сите документи што неговиот претходник Џо Бајден ги потпишал со автопен – уред што автоматски реплицира потпис.

Според Трамп, дури 92 проценти од документите биле заверени на овој начин. Одлуката ја соопшти преку социјалната мрежа Truth Social.

Трамп ги обвини соработниците на Бајден за незаконско постапување и посочи дека автопенот не смее да се користи без експлицитно овластување од претседателот. Тој тврдеше дека лицата кои го управувале уредот постапувале нелегално, а дека Бајден не бил дел од процесот.

„Секој документ што Џо Бајден го потпишал со автопен се поништува и нема правна сила. Со ова ги поништувам сите извршни наредби и други акти што немаат негов автентичен потпис,“ напиша Трамп,

Тој предупреди дека Бајден би можел да се соочи и со обвинение за лажно сведочење доколку тврди дека го одобрил користењето на автопенот.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top