Свет

Трамп: Не сум глупав да одбијам бесплатен авион

„Никогаш не би бил од оние што би одбиле таква понуда“, изјави американскиот претседател во врска со најавата на Катар да подари авион „Боинг 747“ вреден 400 милиони долари на САД, кој би го заменил претседателскиоот авион Air Force One стар 40 години. „Можев да бидам глупав човек и да кажам: „Не, не сакаме бесплатен, […]

„Никогаш не би бил од оние што би одбиле таква понуда“, изјави американскиот претседател во врска со најавата на Катар да подари авион „Боинг 747“ вреден 400 милиони долари на САД, кој би го заменил претседателскиоот авион Air Force One стар 40 години.

„Можев да бидам глупав човек и да кажам: „Не, не сакаме бесплатен, многу скап авион“, препесе АП.

Критичарите се загрижени дека примањето на такон подарок може да отвори низа етички, правни, безбедносни и контраразузнавачки проблеми.

„Ова е без преседан“, рече Џесика Левинсон, експерт за уставно право на Правниот факултет Лојола.

Трамп се обиде да ги отфрли грижите на противниците велејќи дека нема да лета со подарениот „Боинг 747“ кога ќе му заврши мандатот.

Наместо тоа, рече тој, авионот од 400 милиони долари ќе биде дониран на идната претседателска библиотека, слично на тоа како Боинг 707 што го користел претседателот Роналд Реган беше ставен вон функција и изложен како музејски експонат.

Со раскошни церемонии, Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ се подготвуваат да го пречекаат американскиот претседател.

Ова е втора негова посета по посетта за време на неговиот прв претседателски мандат во 2017 година.

Се очекува Трамп да го прими авионот-подарок од кралското семејство.

Катар сака да му подари авион на Трамп, демократите велат – неетички е

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top