Свет

Трамп: Нема да се мешаме ако има конфликт со Северна Кореја

Вели дека со севернокорејскиот лидер Ком Јонг-ун има многу добри односи Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Белата куќа дека ќе „го реши конфликтот со Северна Кореја“ „Имав добри односи со Ким Џонг-ун и се сложувам навистина добро со него. Ќе видиме што ќе се случи. Некој вели дека постои можност за конфликт, мислам дека […]

Вели дека со севернокорејскиот лидер Ком Јонг-ун има многу добри односи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Белата куќа дека ќе „го реши конфликтот со Северна Кореја“

„Имав добри односи со Ким Џонг-ун и се сложувам навистина добро со него. Ќе видиме што ќе се случи. Некој вели дека постои можност за конфликт, мислам дека ќе го решиме. Ако има, нема да бидеме вклучени во него“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, , објави Ројтерс.

Веб-страницата NK News, со седиште во Сеул, која ја следи Северна Кореја, овој месец објави дека делегацијата на Северна Кореја во Обединетите нации во Њујорк постојано одбивала да прифати писмо од Трамп до Ким.

Трамп и Ким одржаа три самити за време на првиот мандат на Трамп од 2017 до 2021 година и разменија голем број писма што Трамп ги нарече „прекрасни“, пред невидениот дипломатски напор да пропадне поради барањата на САД Ким да се откаже од нуклеарното оружје.

Во својот втор мандат, Трамп призна дека Северна Кореја е „нуклеарна сила“.

Белата куќа на 11 јуни изјави дека Трамп би поздравил повторна комуникација со Ким, но не потврди дека е испратено никакво писмо.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top