Свет

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“

Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД или „нема да трае долго“.

– Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа. Не сакам луѓето за пет години да мораат да се враќаат и повторно да го прават истото, или уште полошо, да им дозволат да добијат нуклеарно оружје, рече Трамп во изјава за Еј Би Си Њуз.

Иран, претходно денеска, соопшти дека е избран нов врховен лидер на местото на ајатолахот Али Хамнеи кој беше убиен во американско-израелските воздушни напади врз Техеран, но неговото име не беше официјално соопштено.

Иранските претставници истакнаа дека „големиот сатана“ (термин со кој го означуваат САД) веќе го споменал името на избраниот кандидат. Ова се однесува на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека изборот за нов врховен водач на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, е неприфатлив за Вашингтон.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

To top