Свет

Трамп одобрил план за напад на Иран, но не и наредба

Американскиот претседател одобрува плановите за напад на Иран, но се воздржува од издавање конечна наредба за да види дали Техеран ќе се откаже од својата нуклеарна програма, изјавија три лица запознаени со дискусиите, објави Волтрит џурнал. По неговите приватни брифинзи во Собата за ситуации во Белата куќа пред војската, Доналд Трамп јавно откри дека нападот […]

Американскиот претседател одобрува плановите за напад на Иран, но се воздржува од издавање конечна наредба за да види дали Техеран ќе се откаже од својата нуклеарна програма, изјавија три лица запознаени со дискусиите, објави Волтрит џурнал.

По неговите приватни брифинзи во Собата за ситуации во Белата куќа пред војската, Доналд Трамп јавно откри дека нападот е опција.

„Имам идеи за тоа што да правам, но не сум донел конечна одлука – сакам да ја донесам конечната одлука секунда пред да биде донесена“, изјави за новинарите Доналд Трамп.

Тој се надева дека заканата за приклучување кон израелските напади врз Иран, кои траат веќе шест дена, ќе го принуди Техеран да ги исполни неговите барања.

Трамп призна дека се разгледува напад од САД, но рече дека сè уште може да одлучи против тоа.

Висок функционер на Белата куќа рече дека повеќе опции остануваат на маса и дека Трамп ќе продолжи да следи како ќе дејствуваат Израелците.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Иран ги испровоцирал нападите одбивајќи да ги исполни барањата на САД во врска со својата нуклеарна програма.

Тој предупреди дека идните напади врз ирански цели ќе бидат „уште побрутални“ ако Техеран не се согласи на договор.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top