Свет

Трамп: Опасните градови во САД треба да бидат воени полигони

Обраќајќи се пред стотици воени лидери собрани од целиот свет. Трамп ги опиша „граѓанските немири“ како „непријател одвнатре“,

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака да ги користи градовите во САД како „полигони за обука“ за војската, обраќајќи се пред стотици воени лидери собрани од целиот свет. Трамп ги опиша „граѓанските немири“ како „непријател одвнатре“, додавајќи дека ситуацијата „нема да излезе од контрола кога ќе се вклучите“, пишува Би-Би-Си.

Изјавата доаѓа откако Трамп веќе распореди трупи на Националната гарда во Вашингтон, Лос Анџелес и Портланд како дел од операциите за борба против криминалот и поддршка на спроведувањето на имиграциските закони.

Претседателот ги повтори своите критики кон градовите предводени од демократите, како што се Сан Франциско, Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес, и најави продолжување на политиката на користење на војската за спроведување на законот.

„Ова се многу небезбедни места и ќе ги вратиме едно по едно“, рече тој, додавајќи дека ова ќе биде „важен дел од работата за некои од луѓето во оваа просторија“.

„Тоа е војна одвнатре. Контролата на физичката територија на нашите граници е од суштинско значење за националната безбедност. Не можеме да ги пуштиме овие луѓе внатре“, додаде Трамп.

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

Најнови вести

To top