Свет

Трамп размислува да „го олесни“ пушењето мархуана

Ким Риверс, извршен директор на една од најголемите компании за марихуана, го охрабрува претседателот

Hand holding burning joint and smoke in form of marijuana leaf.

Доналд Трамп размислува да ја прекласифицира марихуаната како помалку опасна дрога, објави „Волстрит џурнал“ во петокот, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, пренесува Гардијан .

На настанот за собирање средства каде присуство чинело „1 милион долари од чинија“ во неговиот голф клуб во Њу Џерси претходно овој месец, Трамп им рече на присутните дека е заинтересиран да направи таква промена, изјавија за весникот луѓето, кои одбија да бидат именувани.

Прекласификацијата, за отстранување на марихуаната од листата на контролирани супстанции од прв ред и нејзино прекфалифицирање во дрога од трет ред, беше предложена од администрацијата на Бајден, но не беше донесена. Промената би го олеснила купувањето и продажбата на марихуана и би ја направила легалната индустрија од повеќе милијарди долари попрофитабилна.

Меѓу гостите на настанот за собирање средства на Трамп беше Ким Риверс, извршен директор на „Трулив“, една од најголемите компании за марихуана, која го охрабри Трамп да продолжи со промената и да ги прошири истражувањата за медицинска марихуана, се вели во извештајот.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top