Свет

Трамп: „Русите се лукави“

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе ја посети Русија

„Мислам дека ќе оди во Русија можеби во среда или четврток. Тие сакаат да го видат, побараа да се сретнат со него. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Виткоф во Москва во неколку наврати пред напорите на Трамп да ги обнови врските со Кремљ нагло да запрат.

Новинарите беа заинтересирани и за тоа што ќе се случи на 8 август, кога Трамп претходно објави дека Русија може да потпише прекин на огнот со Украина.

Американскиот претседател одговори дека тогаш ќе бидат воведени нови санкции, но дека Русија често успева да најде начин да ги избегне.

„Знаете, тие се лукави и доста добри во избегнувањето на санкциите“, рече Трамп.

На прашањето што би можела да направи Русија за да избегне санкции, Трамп одговори:

„Единствениот начин е тие да склучат мировен договор и да престанат да убиваат луѓе“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top