Свет

Трамп: САД сега имаат „голем глас во НАТО“

Со Џо Бајден немавме никаков глас, вели американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „го решил проблемот со НАТО минатата недела“.

„Сега секоја земја плаќа значително повеќе пари, како 2% до 5%, а тие дури не плаќаа ниту два проценти, но сега ќе плаќаат пет проценти и тоа е над трилион долари годишно“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз..

Тој не пропушти да додаде дека „САД сега имаат „голем глас во НАТО“.

Досега немавме голем глас, со поранешниот американски претседател Џо Бајден немавме никаков глас, истакна Доналд Трамп.

Американскиот претседател рече дека „стотици милијарди долари“ влегле во земјата како резултат на неговите бројни царини за други земји.

За време на интервју за Фокс њуз, Трамп рече дека неговата администрација склучила трговски договори „со различни земји“, додавајќи дека царините носат „огромна количина пари“ во САД.

Претседателот, исто така, изјави дека „некои од земјите се многу вознемирени сега бидејќи нè искористуваа 30, 40 години и јас го запрев тоа“.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top