Свет

Трамп сака да испрати илјадници мигранти во Гвантанамо

Администрацијата на Трамп планира да испрати до 9.000 мигранти без документи во американскиот притворен центар во заливот Гвантанамо на Куба уште оваа недела, објавија синоќа „Вашингтон пост“ и „Политико“. Медиумите дознаваат дека странските државјани што можат да бидат трансферирани во Гвантанамо вклучуваат мигранти од Белгија, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Хаити, Ирска, Литванија, Холандија, Полска, Турција […]

Администрацијата на Трамп планира да испрати до 9.000 мигранти без документи во американскиот притворен центар во заливот Гвантанамо на Куба уште оваа недела, објавија синоќа „Вашингтон пост“ и „Политико“.

Медиумите дознаваат дека странските државјани што можат да бидат трансферирани во Гвантанамо вклучуваат мигранти од Белгија, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Хаити, Ирска, Литванија, Холандија, Полска, Турција и Украина.

Од февруари, САД држеа околу 500 мигранти во заливот Гвантанамо, но извори запознаени со трансферот рекоа дека објектот се подготвува за медицински преглед на 9.000 луѓе за да се утврди дали се доволно здрави за да бидат испратени таму.

Озлогласената историја на Гвантанамо датира од последиците од терористичките напади врз Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001 година, кога голем број осомничени терористи беа испратени таму откако беа заробени од американската војска.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави во јануари дека планира да го користи притворниот центар за трансфер на мигранти.

Трансферите би можеле да започнат уште во среда, со план за привремено сместување на притворениците во Гвантанамо пред депортација во нивните земји на потекло.

Овој потег е дел од мерките на претседателот против нелегалната имиграција, со засилување на рациите на Службата за имиграција и царина (ICE) за да се постигнат повеќе апсења и депортации на недокументирани имигранти.

„Под водство на претседателот Трамп, сакаме да поставиме цел од најмалку 3.000 апсења дневно за ICE“, изјави за Фокс њуз минатиот месец заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, додавајќи дека администрацијата планира да го зголеми тој број.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top