Свет

Трамп сака да се сретне со Путин

Претседателот на САД, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина кои моментално се одржуваат во Турција.. „Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп. Тој додаде дека сака да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом можат да го договорат тоа. […]

Претседателот на САД, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина кои моментално се одржуваат во Турција..

„Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом можат да го договорат тоа.

Трамп повтори дека не е изненаден што рускиот претседател Владимир Путин не дошол на состанокот што Соединетите Американски Држави се обидоа да го организираат во Турција меѓу украинската и руската делегација.

„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не сум таму“, тврдеше Трамп, кој вчера рече дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лично.

За потсетување, американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настан на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top