Свет

Трамп: Што барам во Истанбул ако таму не е Путин

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека можеби ќе оди во Истанбул доколку денешните мировни преговори за Украина постигнат напредок. Зборувајќи од Катар, за време на четиридневната турнеја на Блискиот Исток, Трамп рече дека се надева оти Русија и Украина ќе можат да постигнат договор бидејќи војната мора да престане. „Би сакале да видиме крај […]

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека можеби ќе оди во Истанбул доколку денешните мировни преговори за Украина постигнат напредок.

Зборувајќи од Катар, за време на четиридневната турнеја на Блискиот Исток, Трамп рече дека се надева оти Русија и Украина ќе можат да постигнат договор бидејќи војната мора да престане.

„Би сакале да видиме крај на војната и мислам дека имаме шанса тоа да се случи“, додаде Трамп.

Зеленски се упатил кон Истанбул, но како што е најавено, ниту Путин ниту Трамп нема да бидат таму.

Кремљ вчера ги откри членовите на делегацијата што ќе учествува во директните преговори со Украина, но меѓу нив не се споменува претседателот Владимир Путин.

Руската делегација ќе ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински, а ќе бидат и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин, според списокот објавен од Кремљ.

Трамп рече дека ќе дојде – ако дојде Путин.

Трамп во врска со очигледното отсуство на Путин на преговорите изјави:

„Зошто Тој би одел, ако јас не одам? Дури и не помислив дека е можно Путин да оди ако јас не сум таму“, одговори Трамп.

Најнови вести од: Свет

Ирански ракетни напади врз јужен Израел, мртви, повредени, урнати објекти – Нетанјаху: Претрпевме многу тешка вечер! (Видео)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел поминал низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона. Има има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета. Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, а повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти. На неколку локации избувнале пожари. Во Димона има десетици повредени.

(Фото): Иран објави мапа на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го потоне регионот во темнина“

Предупредувањето е одговор на заканата на американскиот претседател дека ќе ги погоди иранските електрани доколку во рок од 48 часа целосно не се отвори Ормускиот Теснец. Постројките за десалинизација, кои Иран се заканува дека ќе ги нападне, се клучна инфраструктура за земјите во Персискиот Залив кои во голема мера се зависни од десалинизација – процес на претворање на морската вода во вода за пиење.

Трамп со закана кон Иран: Ако за 48 часа не го отворите Ормутскиот теснец, ќе ви ги уништиме електраните

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Најнови вести

To top