Свет

Трамп: „Спречив трета светска војна“

Ако верувате дека Иран не треба да има нуклеарно оружје, тогаш сигурно ви се допаѓа она што го направив, вели американскиот претседател

Таква порака испрати американскиот претседател во вчерашното обраќање од Овалната соба во Белата куќа.

„Да не дејствувавме против Иран, ќе имаше нуклеарна војна. Ќе имаше трета светска војна. Ако верувате дека Иран не треба да има нуклеарно оружје, тогаш сигурно ви се допаѓа она што го направив“, рече Трамп.

Тој вели дека не сакал да влегува во воени конфликти, но веднаш потоа додаде дека ако Иран имал нуклеарно оружје, ќе го користел.

Запрашан кога би можело да заврши војната со Иран, тој кусо одговори:„Наскоро ќе заврши“.

Американскиот претседател на почетокот на годинава се пофали дека за време на првата година од неговиот втор мандат успеал да спречи/оконча дури 8 војни, и изрази незадовослство што не е номиниран за Нобелова награда за мир.

За време на вториот мандат, Министерството за одбрана на САД (Пентагон), го смени името во Министерство за војна.

https://expres.mk/svet/tramp-bez-nobelova-za-mir-ne-sum-obvrzan-da-razmisluvam-samo-za-mir/

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top