Свет

Трамп уништи брод со венецуелци

Според него, нападот бил насочен против членови на венецуелската криминална група Трен де Арагва.

Претседателот Доналд Трамп објави дека американската војска извршила напад врз брод што превезувало дрога во Јужните Кариби, при што загинале 11 „наркотерористи“. Според него, нападот бил насочен против членови на венецуелската криминална група Трен де Арагва.

„Пловилото се наоѓало во меѓународни води и транспортирало илегални наркотици наменети за САД. Американските сили уништија брод со голема количина дрога во близина на Венецуела, при што загинаа 11 наркотерористи“, изјави Трамп.

Тој сподели видео на кое се гледа моторен чамец како брзо се движи низ немирни води, пред да биде зафатен од пламен. Венецуелскиот министер за комуникации, Фреди Нуњез, тврди дека видеото е создадено со помош на вештачка интелигенција.

Оваа акција следува по забележаното зголемување на американското воено присуство во Јужните Кариби, без официјално објаснување за причините. Според некои аналитичари, станува збор за политички и воен притисок врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за кого САД распишаа награда од 50 милиони долари поради обвинувања за трговија со дрога. Мадуро вети отпор против каков било обид за американска воена интервенција.

Од враќањето во Белата куќа во јануари 2025 година, администрацијата на Трамп прогласи неколку криминални групи и организации за трговија со дрога во Мексико и други земји од Латинска Америка за терористички организации. Меѓу нив е и венецуелскиот „Картел на сонцето“, за кој американските власти тврдат дека е предводен од Мадуро и високи владини функционери.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top