Свет

Трамп: „Ве молам не го прекршувајте примирјето“

Американскиот претседател Доналд Трамп, нешто по 07 часот по средноевропско време објави дека прекинот на огнот меѓу Израел и Иран официјално стапил на сила. „Прекинот на огнот сега е на сила. ВЕ МОЛАМ НЕ ГО КРШИТЕ! ДОНАЛД Џ. ТРАМП, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Трамп околу полноќ […]

Американскиот претседател Доналд Трамп, нешто по 07 часот по средноевропско време објави дека прекинот на огнот меѓу Израел и Иран официјално стапил на сила.

„Прекинот на огнот сега е на сила. ВЕ МОЛАМ НЕ ГО КРШИТЕ! ДОНАЛД Џ. ТРАМП, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп околу полноќ по средноевропско време објави дека е постигнат прекин на огнот, кој наскоро ќе стапи на сила и дека војната ќе заврши.

Реагираше иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, кој изјави дека „во оваа фаза нема договор за прекин на огнот“ и дека иранските вооружени сили „ќе продолжат да се борат до последен момент“.

Најнови вести од: Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

Најнови вести

To top