Свет

Трамп: Знам што правам – окончав шест војни за шест месеци

Тој е тука само за да ги запре конфликтите, а не да ги продлабочи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека окончал шест војни за шест месеци, но дека мора да слуша многу луѓе кои му велат дека го прави тоа погрешно.

-Точно знам што правам. Окончав шест војни за шест месеци, од кои едната беше потенцијална нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и да слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека се што правам е погрешно во однос на хаосот меѓу Русија и Украина, што е војна на заспаниот Џо Бајден, а не моја, напиша тој на мрежата Truth Social.

Како што рече, тој е тука само за да ги запре конфликтите, а не да ги продлабочи.

„Тоа никогаш не би се случило ако бев претседател. Точно знам што правам и не ми требаат совети од луѓе кои со години работат на сите овие конфликти и никогаш не биле во можност да ги спречат“, нагласи Трамп.

Како што изјави, тие се глупави луѓе, без здрав разум, интелигенција или разбирање и само го отежнуваат решавањето на сегашната катастрофа меѓу Русија и Украина.

„И покрај сите мои површни и многу завидливи критичари, ќе го поправам тоа – секогаш го правам тоа“, нагласи американскиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top