Свет

Туркије бележи раст на приходите од туризам од 7,6 отсто, најбројни туристите од Русија, Германија и Велика Британија

Во првото полугодие од 2025 година, приходите од туризам во Туркије пораснале за 7,6 отсто во споредба со истиот период лани и во земјата од туризам се слеале 25,8 милијарди долари. Во овој период земјата ја посетиле речиси 26,4 милиони туристи, што е раст за еден отсто во споредба со првите шест месеци од минатата […]

Во првото полугодие од 2025 година, приходите од туризам во Туркије пораснале за 7,6 отсто во споредба со истиот период лани и во земјата од туризам се слеале 25,8 милијарди долари. Во овој период земјата ја посетиле речиси 26,4 милиони туристи, што е раст за еден отсто во споредба со првите шест месеци од минатата година. Меѓународните посетители на Туркије престојувале во земјата во просек по 10 ноќевања од турист, што е минимално намалување за 0,9 отсто, но затоа сите тие потрошиле просечно по 106 долари за ноќевање по лице, што е раст за 8 отсто во однос на истиот период од 2024 година. Според податоците на ОН за туризам за минатата година, Туркије е четвртиот најголем пазар за дојдовен туризам во светот.

На прес-конференција одржана во Истанбул, Мехмет Нури Ерсој, министерот за култура и туризам на Република Туркије, ги претстави најновите податоци за туристичката индустрија, потенцирајќи дека и покрај многуте геополитички предизвици, во првото полугодие земјата продолжила со одржлив раст во туристичката индустрија. „Стратешкиот фокус на диверзификација на нашите дестинации, производи и извори на пазари се покажува како ефикасен. Во оваа тешка средина, продолживме да бележиме раст кај клучните показатели, особено во нашите приходи. Гледајќи напред кон следните шест месеци, уверени сме дека ќе ја исполниме нашата цел за крајот на годината, а тоа се 64 милијарди американски долари приходи од туризам“, нагласи Ерсој.

Гледано по држави од каде што доаѓаат најголемиот број туристи, трите најголеми пазари за Туркије во првата половина од годинава биле Руската Федерација, од каде земјата ја посетиле 2,61 милион туристи, потоа Германија со 2,42 милиони посетители и Велика Британија, од каде во Туркије пристигнале 1,75 милиони посетители. Она што е интресно е дека во првото полугодие земјата забележа двоцифрен раст на бројот на посетители од Америка, но и од многу од нејзините европски конкуренти, како и од земјите од Централна Азија и Азија-Пацифик.

Најнови вести од: Свет

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

To top