Свет

Украина ги доби ветените „Патриоти“ од Германија

Зеленски не прецизираше колку ракетни системи испорача Берлин

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Германија испорачала противвоздушни ракетни системи „Патриот“ на Украина, објави NV

„Ја зајакнавме компонентата „Патриот“ во нашата украинска воздушна одбрана. Им се заблагодарувам на Германија и лично на канцеларот Фридрих Мерц за овој наш заеднички чекор за заштита на човечките животи од рускиот терор.

Веќе некое време го подготвуваме ова зајакнување на воздушната одбрана, а сега постигнатите договори се спроведени. Ви благодарам на сите што помогнавте!“ – напиша украинскиот шеф на државата на Телеграм.

Тој не прецизираше точно колку противвоздушни ракетни системи се испорачани.

Претходно, на 1 ноември, организацијата „Помош за Украина“ објави дека во наредните денови Украина ќе добие два системи за воздушна одбрана „Патриот“, чија испорака Германија ја најави на почетокот на август 2025 година.

Најнови вести од: Свет

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

Нетанјаху вчера тврдеше дека „Исус Христос нема предност над Џингис-кан“ а денес се правда дека „немал намера да го навреди Исус Христос“!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „немал намера да го навреди Исус Христос“ во своето телевизиско обраќање, откако неговите зборови за војната со Иран предизвикаа негативни реакции во јавноста.  Во говорот одржан синоќа, Нетанјаху посочи дека „историјата покажува дека Исус Христос нема предност над Џингис-кан, бидејќи ако сте доволно силни, немилосрдни и моќни, злото може да го надвладее доброто“. Тој нагласи дека станува збор за толкување на историчарот Вил Дјурент, а не за негов личен став.

To top