Свет

Украина не се откажува од членство во НАТО и не дава територии

Европската и евроатлантската интеграција мора да бидат клучен елемент на идните безбедносни гаранции на Украина

Кои се црвените линии на Украина за преговорите со Русија?

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, на состанокот на „Кримската платформа“ во Шведска изјави дека за Киев постојат три апсолутни „црвени линии“ кои не можат да се преминат во никакви мировни преговори.

Според него, Украина никогаш нема да прифати:

-официјално меѓународно признавање на териториите окупирани од Русија,

-какви било ограничувања на одбранбените способности на земјата,

-ограничувања на нејзините идни меѓународни сојузи, вклучително и членство во ЕУ и НАТО.

Стефанчук нагласи дека европската и евроатлантската интеграција мора да бидат клучен елемент на идните безбедносни гаранции и да бидат присутни во секој реален мировен план.

Агенцијата Ројтерс забележува дека изнесените позиции на украинската страна се во спротивност со некои од предлозите содржани во мировниот план на САД од 28 точки, кој му беше презентиран на Киев минатата недела.

Меѓу контроверзните елементи, според изворите, се токму прашањата за територијалниот статус, ограничувањата на украинските вооружени сили и фиксирањето на статус надвор од НАТО.

Украина уште еднаш нагласи дека е подготвена да работи на дипломатски решенија, но само ако тие не влијаат на нејзиниот суверенитет, одбранбена способност и слободен избор на сојузи.

Трамп: Мировниот план мора да му се допадне на Зеленски!

Најнови вести од: Свет

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

Кина: САД и Израел виновни за блокадата на Ормускиот Теснец

Главната причина за нарушувањата на навигацијата во Ормутскиот теснец лежи во илегалните воени операции спроведени од САД и Израел против Иран“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи

Хатами: Во случај на копнена инвазија, ниеден американски војник не смее да преживее

Од момент во момент да се следат движењата и дејствата на непријателот со најголема прецизност и да се спроведат планови за спротивставување на непријателските методи на напад, нареди началникот на иранските вооружени сили

To top