Свет

Украинците ги соопштија трите главни руски услови за мир

Руските преговарачи на мировните преговори во Истанбул побараа, пред да се согласат на прекин на огнот, Украина да ги повлече своите сили од сите украински области кои Москва ги присвои, изјави висок украински функционер запознаен со преговорите. Тоа барање, заедно со останатите кои беа изнесени вчера, излегува од рамките на нацрт мировниот договор кој САД […]

Руските преговарачи на мировните преговори во Истанбул побараа, пред да се согласат на прекин на огнот, Украина да ги повлече своите сили од сите украински области кои Москва ги присвои, изјави висок украински функционер запознаен со преговорите.

Тоа барање, заедно со останатите кои беа изнесени вчера, излегува од рамките на нацрт мировниот договор кој САД го предложи минатиот месец по консултации со Москва.

Првите директни преговори во Истанбул меѓу двете страни во три години завршија со договор за размена на воени заробеници, без договор за прекин на огнот.

Според украинскиот функционер, Русите како услов за мировен договор предложиле повлекување на украинските војници од Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск и дури потоа би дошло до прекин на огнот. Русија во поголем дел ги контролира сите тие региони, но украинската војска сè уште се бори во некои делови.

Москва исто така бара меѓународната заедница да признае пет области на Украина како руски. Покрај Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, се бара и признавање на Крим, анектиран во 2014 година, како дел од руската територија.

Во американскиот предлог се наоѓа „де јуре“ признавање само за Крим и „де факто“ признавање за делови од останатите региони под руска контрола.

Москва, како трет услов, побарала сите страни да се откажат од правото на воена отштета, додека САД бараат Украина да добие надомест.

Украинскиот функционер рече дека руските преговарачи тие барања ги изнеле усно, а не писмено.

Украина оцени дека руската преговарачка позиција во Истанбул покажала дека Москва не е сериозна во врска со постигнување мир, а европските сојузници на Киев бараат од американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови санкции против Русија.

Киев и европските сојузници составија алтернативен предлог според кој прво би настапил прекин на огнот, а дури потоа би почнале преговорите. Исто така, тие одбиваат дискусии за територијални прашања до некоја подоцнежна фаза.

Најнови вести од: Свет

Трамп се закани: Ако Иран ги прифати условите „Епскиот бес“ ќе заврши, во спротивно ќе уследи засилено бомбардирање!

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека ако Иран се согласи да ги исполни договорените услови, конфликтот ќе заврши, а Ормуската Теснинац би била отворена за сите, додека во спротивно ќе следи поинтензивно бомбардирање од претходно.

Итна медицинска евакуација: Бродот „Хондиус“ со хантавирус се приближува кон Канарските Острови

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека холандскиот круизер „МВ Хондиус“, на кој е регистрирано ширење на хантавирус, се упатува кон Канарските Острови, каде се подготвува детален план за евакуација и медицинска грижа за патниците и екипажот.

To top