Свет

Украински дрон запали рафинерија на „Лукоил“ во Русија

Објектот Ставропол се наоѓа на околу 500 километри од источната украинска граница, а и претходно бил цел на напади

Украински напад со беспилотно летало во текот на ноќта предизвика пожар во индустриски објект во јужниот руски регион Ставропол.

Гувернерот на регионот, Владимир Владимиров на социјалната мрежа Телеграм објави дека во нападот нема пријавени повредени, а станбените згради и основната инфраструктура на градот не се оштетени, пренесува Киев индепендент.

„Во индустриската зона има пожари. Службите за итни случаи работат на местото на настанот“,пишува тој

 

Според пишувањата на Ројтерс, рускиот нафтен гигант „Лукоил“ го управува петрохемискиот комплекс „Ставролен“ во Будјоновск во Ставропол, а регионот, исто така, има инфраструктура за гасоводи и места за складирање гориво што го прават дел од поширокиот енергетски и хемиски систем на Русија.

„Украина, која, наводно, претходно ја нападнала фабриката ‘Ставролен’, изјави дека нејзините напади во Русија и подалеку од линијата на фронтот имаат за цел да ги ограничат воените напори на Русија во војната што Москва ја започна пред речиси четири години“, објави Ројтерс.

 

На социјалните мрежи се шират видеа од голем пожар во петрохемискиот погон „Ставролен“ во рускиот град Будјоновск, а нападот, како што пишува Киев индипендент, првпат гообјавиле руските медиумски канали на Телеграм.

Видеата и фотографиите објавени од локалните жители покажуваат огромни пламени што излегуваат одзапалениот погонот.

„Ставролен“ е еден од главните производители на полиетилен и полипропилен во Русија.

Но според Генералштабот на украинските вооружени сили претходно изјави дека фабриката се користи и за производство на компоненти за беспилотни летала, композитни материјали и делови и изолација за разни видови руска воена опрема.

Објектот Ставролен, кој се наоѓа на околу 500 километри од источната украинска граница, и претходно бил цел на напади. Украинските сили за специјални операции потврдија дека извршиле успешен напад на истата локација на 12 ноември.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top