Свет

„Унгарци на нож“: Закана за унгарското малцинство во Украина

Непознати лица запалиле црква во Закарпатскиот регион на Украина, оставајќи загрижувачка и опасна порака

 

„Присилно регрутирање, убиства, палење цркви, поттикнување и заплашување. Сето ова им се случува на Унгарците во Закарпатија (Украина).

Нема да го дозволиме ова, можете да сметате на нас“, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук, споделувајќи фотографија на која се гледа графит на запалена црква во Украина со порака „Унгарци на нож“.

Закарпатската полиција соопшти дека инцидентот се случил околу 22 часот во средата во селото Палад-Комаривци.

Тие откриле дека неидентификувано лице влегло во црковниот двор, ја запалило влезната врата и напишало провокативен знак на фасадата со црна боја со намера да поттикне национално и религиозно непријателство.

Полицијата спроведува истрага, во соработка со Службата за безбедност на Украина, за да ги идентификува одговорните. Индекс.хр

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top