Свет

Урнатиот „апачи“ кај Ормус бил соборен од ирански дрон „шахид“

Американскиот претседател Трамп најави одмазда, двајцата членови на екипажот спасени по два часа и неповредени

Американскиот хеликоптер „апачи“ што се урна во близина на Ормускиот Теснец бил погоден од ирански јуришен дрон „Шахид“, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Двајцата членови на екипажот на хеликоптерот АХ-64 Апачи беа безбедно спасени во рок од околу два часа по несреќата и се во стабилна состојба, соопшти Централната команда на САД (СЕНТКОМ).

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранската војска нападнала и соборила хеликоптер и најави дека американската армија ќе одговори на нападот.

„Тукушто бев извсстен од нашата голема војска дека Иранците собориле еден од нашите високософистицирани хеликоптери ‘апачи’ кои патролирале во Ормускиот Теснец синоќа. Двајца пилоти биле вклучени во инцидентот и двајцата се безбедни и неповредени. Соединетите Американски Држави мора да одговорат на овој напад“, напиша тој на својот профил на социјалната мрежа Truth Social.

Одговарајќи на пораката на Трамп, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Ормускиот Теснец не е дел од меѓународните води и дека надлежноста над него е поделена меѓу Иран и Оман и се наоѓа илјадници милји од брегот на САД, додавајќи дека странските воени сили во близина на иранската територија претставуваат постојан ризик.

Аракчи додаде дека Иран го претпочита „јазикот на дипломатијата“, но дека војската на земјата покажала дека може да „зборува и други јазици“.

 

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top