Свет

Венс: Некои членови на израелската Влада се обидуваат да влијаат врз американското мислење за Иран

Потпретседателот ја поддржува политиката на Трамп за мировен договор

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека некои членови на израелската влада се обиделе да влијаат врз јавното мислење во САД и да создадат негативен став кон склучувањето мировен договор со Иран.

Венс оваа позиција ја изнесе во епизода од популарниот подкаст на Џо Роган.

„Знам дека несомнено има луѓе од израелската влада кои се обидуваат, така да се каже, да нè одвлечат од оваа политика, бидејќи сакаат да продолжат со воената кампања“, рече Венс.

Тој додаде дека иако има „добри односи“ со некои членови на израелската влада, „во нивниот систем има некои луѓе за кои знаеме без никакво сомневање дека манипулираат и се обидуваат да го променат американското јавно мислење, за да може војната да продолжи“.

Американскиот потпретседател истакна дека многу земји, сојузници и советници се обидуваат да влијаат врз американската политика, но дека е загрижен кога таквите кампањи „навистина влијаат врз американското политичко расудување“.

Венс минатиот месец упати остри критики кон израелските противници на договорот со Иран, посочувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот сојузник на Израел.

Тогаш Венс нагласи дека САД обезбедуваат одбранбена помош за Израел во вредност од милијарди долари.

Високи израелски претставници, кои побарале анонимност, изјавиле дека договорот создава неповолни услови за Израел, бидејќи не ги опфаќа загриженостите поврзани со иранската нуклеарна и балистичка програма.

Прашан дали САД би се вклучиле во актуелната војна со Иран доколку немало влијание од Израел, Венс одговори дека смета дека би се вклучиле, бидејќи и Трамп и тој се убедени дека Иран не треба да поседува нуклеарно оружје.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top