Свет

Во Саудиска Арабија 300.000 жители се откажале од пушење во 2025, а колку македонски граѓани можат да се разделат од чадот?!

Следна цел е милион луѓе во Саудиска Арабија да се откажат од пушењето до 2028 година.

Во Саудиска Арабија: 300.000 жители се откажале од пушење во 2025 година, откако напорите на нивните здравствени власти се засилија. Ново истражување во оваа арапска држава покажува дека 300.000 лица се откажале од пушење минатата година, што ја одразува растечката поддршка за кампањата „Визија 2030“ за подобрување на квалитетот на животот и намалување на здравствените опасности, што може да се спречат.

Со јавната кампања на поттикнување на откажувањето, се чини, Саудиска Арабија се движи кон иднина каде што пушењето веќе нема да биде норма. За многу Саудијци, одлуката за откажување била водена од лични здравствени проблеми. Според компанијата за алтернативи на никотин „Бадаел“, бројот на луѓе за кои се знае дека се откажале се зголемил од 400.000 во јануари 2025 година на 700.000 лица до крајот на годината. Од вкупниот број, 200.000 луѓе целосно се откажале од никотинот, вклучително и употребата на ќесички, соопшти компанијата.

Меѓународните студии го поддржуваат овој тренд. Глобалниот извештај на СЗО за трендовите во преваленцата на употребата на тутун забележува дека многу пушачи се откажуваат во фази, честопати користејќи алтернативи пред целосно да ја прекинат зависноста од никотин. Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот слично го истакнува намалувањето на штетата како пат до целосно откажување кога се користи одговорно.

Ахмед Ал-Омари (32) рече дека се откажал откако пушел повеќе од 10 години. – Почнав да забележувам колку пушењето влијае на мојата енергија и дишењето… Откако цигарите повеќе не беа дел од мојата дневна рутина, не сакав ниту да помирисам никотин, рече тој.

Истражувањето објавено во базата на податоци за систематски прегледи „Кокрејн“ покажува дека престанокот е поуспешен кога е водено од внатрешна мотивација и цели на животниот стил, отколку само од пораки коишто се засновани на страв – и тој тренд, според здравствените специјалисти, е сè повидлив кај Саудијците. Младата Меријем Ал-Досари изјави дека престанала да пуши како дел од своите напори за подобрување на своето здравје. – Дојдов до точка каде што пушењето веќе не му одговараше на животот што го сакав. Откако ја донесов таа одлука, држењето до неа стана полесно, рече девојката.

Испитувањата на Училиштето за јавно здравје „Т.Х. Чен“ при Харвард открија дека промените во однесувањето на здравјето поврзани со подобрен сон, физичка подготвеност и нивоа на енергија имаат поголема веројатност да се одржат со текот на времето, зајакнувајќи ја важноста на мотивациите за квалитет на живот со престанувањето со пушење. Младите Саудијци, исто така, се откажуваат порано отколку претходните генерации. Мохамед Ал-Шахри (22) рече дека решил да се откаже од пушењето додека студирал на универзитет. – Не сакав пушењето да биде нешто што го носам во мојата иднина. Многу луѓе на мои години сега размислуваат поинаку за тоа, изјави момчето.

Компанијата „Бадаел“ што го произведува производот во кесичка никотин „ДЗРТ“, истакна дека нивната насока е на обезбедување алтернативи за возрасни пушачи кои сакаат да се оддалечат од тутунот за палење. Новите производи, се вели, се наменети за намалување на штетата, а не за долгорочна зависност. Фактот дека 200.000 поранешни пушачи подоцна се откажале од никотинот целосно ја истакнува важноста на поддршката на одржливи промени, сметаат од компанијата. 

Најнови вести од: Свет

Европа се вооружуваа: „Ѕидови од дронови“ околу Русија

Европската Унија се соочува со најголемиот безбедносен предизвик од крајот на Студената војна: целосната руска инвазија врз Украина, комбинирана со намалена доверба во посветеноста на САД кон НАТО и континенталната безбедност.

Ако Трамп не побрза, Гренланд може да гласа за приклучување кон Русија

„Според непотврдени информации, за неколку дена би можело да има предвремен референдум на кој целото население на Гренланд, кое брои 55.000 жители, би можело да гласа за приклучување кон Русија“, рече поранешниот руски претседател

Сијарто: ЕУ не може да си го најде местото во светот! Излез е голем европски патриотски пресврт!

На прес-конференција, што ја одржа пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ предвиде на Европската Унија дека „ќе се распадне самата од себе“, како што нагласи, „поради „хаос во лидерството“. Како што пренесе „Еуроњуз“, Орбан сепак, ја отфрли можноста Унгарија да ја напушти ЕУ, велејќи дека „земјата нема доволно големина за да донесе таква разумна одлука“. Орбан нагласи дека иднината на Унгарија е во рамките на блокот и НАТО, но, како што посочи, со „суверена надворешна политика и економска политика“. Со своите најнови изјави шефот на унгарската дипломатија Сијарто се надоврза на Орбан, но дополнително заострувајќи го тонот кон официјален Брисел со своето тврдење дека, наводно, „ЕУ сака да ѝ наметне марионетска влада на Унгарија“ и оти „таа е веќе изолирана и изгубена во светската геополитика“.

Најнови вести

To top