Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел.

Адмиралот Драгоне нагласи дека сојузниците мора долгорочно да ги зголемат напорите во одбранбените инвестиции во рамките на зацртаните цели, додавајќи дека безбедносната средина постојано се усложнува, со што расте и одговорноста на европските сојузници.

Врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Гринкевич, одговарајќи на новинарски прашања појасни дека САД планираат да ја намалат бројноста на своите војници во Европа за 5.000 припадници. Според него, ова кратење нема да предизвика потреба од измена на регионалните одбранбени планови, посочувајќи дека во изминатите четири години Полска и балтичките земји значително ги зголемиле капацитетите на својата пешадија.

Генералот Гринкевич се осврна и на денешниот инцидент со соборувањето на беспилотно летало, за кое се претпоставува дека е украинско, над Естонија. Тој оцени дека овој случај ја покажал добрата подготвеност на НАТО за брза реакција и истовремено служи како демант на тврдењата дека земјите од Алијансата му го отстапуваат својот воздушен простор на Киев за напади врз Руската Федерација.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top