Свет

Запленет кокаин во вредност од 500 милиони евра

Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин скриени во подземен систем од скривници во западниот дел на Сиднеј, јави Би-Би-Си, истакнувајќи дека ова е најголемата ваква операција во историјата на земјата

This handout photo taken by the Australian Federal Police on June 20, 2026 shows seized cocaine hidden in plastic tubs buried underground on the outskirts of Sydney. Australian police seized a record 2.7 tonnes of cocaine hidden in plastic tubs buried underground on the outskirts of Sydney, detectives said on June 22. (Photo by Handout / Australian Federal Police / AFP) / RESTRICTED TO EDITORIAL USE - MANDATORY CREDIT "AFP PHOTO / AUSTRALIAN FEDERAL POLICE" - HANDOUT - NO MARKETING NO ADVERTISING CAMPAIGNS - DISTRIBUTED AS A SERVICE TO CLIENTS

Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин скриени во подземен систем од скривници во западниот дел на Сиднеј, јави денеска Би-Би-Си, истакнувајќи дека ова е најголемата ваква операција во историјата на земјата.

Наркотиците, чија приближна пазарна вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари (околу 500 милиони евра), биле откриени во петокот, сокриени под двојни подови во три транспортни контејнери на имот во Лондондери.

Притоа се уапсени двајца мажи, на возраст од 21 и 25 години, кои, како што се тврди, се обиделе да ѝ побегнат на полицијата. Тие се обвинети за поседување комерцијално количество нелегално увезена наркотична супстанција, која подлежи на гранична контрола. Полицијата тврди дека организирана криминална група го прошверцувала кокаинот во Австралија преку малото гратче Миџ Поинт во Северен Квинсленд.

На двајцата мажи им е одреден притвор по појавувањето пред судот во саботата и се соочуваат со доживотен затвор доколку бидат прогласени за виновни, наведува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека акцијата на имотот во Лондондери е дел од „Операцијата Минцјан“, која беше започната во мај, откако 40 килограми кокаин беа пронајдени како плутаат на водата во близина на рампа за чамци во Миџ Поинт. Во рамките на истрагата, минатата недела беа уапсени и обвинети уште шест лица во Квинсленд и во Нов Јужен Велс. На Соломонските Острови беше задржан и брод за кој се претпоставува дека служел како „матичен брод“ и се сомнева дека е дел од шверцерската операција.

И покрај својата оддалеченост, Австралија е профитабилен пазар за трговија со дрога, при што цената на кокаинот обично достигнува околу 300 австралиски долара за грам, покажуваат податоците на системот за мониторинг на нелегални супстанции при Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Светскиот извештај на ОН за дроги за минатата година исто така нотира дека кај Австралијците и кај Новозеланѓаните се забележани највисоки стапки на употреба на кокаин во светот.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top