Свет

Заврши вториот круг од преговорите меѓу Украина, Русија и САД во Абу Даби – Што кажа Зеленски?!

Британскиот национален радиодифузер Би-би-си објави дека е постигнат одреден напредок, но оти клучното прашање за територијата на истокот на Украина останува нерешено. По завршувањето на состанокот се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски кој изјави дека на дискусијата била обемна, истовремено оценувајќи ги трилатералните разговори како конструктивни.

Заврши втората рунда од трилатералните разговори меѓу украинската, руската и американската делегација што се одржаа во Абу Даби, а кои се насочени на изнаоѓање решение за ставање крај на војната во Украина, јавуваат светските агенции. Како и вчера, и денес многу малку детали се откриваат за текот на разговорите, како и за тоа дали има некаков напредок и приближување на ставовите на вклучените страни. Британскиот национален радиодифузер Би-би-си објави дека е постигнат одреден напредок, но оти клучното прашање за територијата на истокот на Украина останува нерешено.

По завршувањето на состанокот се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски кој изјави дека на дискусијата била обемна, истовремено оценувајќи ги трилатералните разговори како конструктивни.

  • „Ценнтралниот фокус на разговорите беше на можните услови за завршување на војната. Американската страна го покрена прашањето за утврдување на условите за завршување на војната, како и безбедносните услови потребни за да се постигне тоа. Како резултат на состаноците одржани во последните денови, сите страни се согласија да зивестуваат во своите главни градови за секој аспект од преговорите и да ги координираат понатамошните чекори на своите лидери. Воените претставници утврдија список на прашања за потенцијален следен состанок. Доколку постои подготвеност за движење напред Украина е подготвена“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс.

Новиот круг разговори, како што вели тој во објавата, потенцијално би се одржале веќе следната недела. Тој им се заблагодари на сите што помагаат, меѓу кои и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за нивното посрдништво и подготвеноста да бидат домаќини и на наредните состаноци.

  • „Украина работи за мир и безбедност. Благодарност до сите што помагаат“, вели украинскиот претседател.

 

Најнови вести од: Свет

Брисел го стопира експресниот пат на Украина: Балканските кандидати бараат правда

Во декември 1917 година, за време на Првата светска војна, Димитар Благоев – основач на Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти) и пратеник во бугарското Народно собрание – одржал говор во Софија.

Шпекулации за здравјето на Трамп: Белата куќа вели дека е од превентивен крем

Белата куќа не го потврди конкретниот крем или основната состојба, туку само ја опиша како „многу вообичаен превентивен третман“. Оваа состојба е вообичаена кај постари лица со долга изложеност на сонце, а третманот често предизвикува привремено интензивно црвенило и иритација.

„Голема Северна Америка“: Нова стратегија на Пентагон за Западната хемисфера (ВИДЕО)

Според Хегсет, Пентагон ја нарекува оваа област „Голема Северна Америка“ (Greater North America) и ја смета за клучен безбедносен периметар на САД. Таа ги опфаќа сите земји и територии северно од екваторот – од Гренланд до Еквадор и од Алјаска до Гвајана.

To top