Свет

Зеленски: Ќе ја пренесеме војната на територијата на агресорот

„Ова е сосема праведен одговор на сè што прави Русија против нас. Мирот е неопходен и токму тоа треба да го разбере руското раководство. Русија мора да ја прекине војната“, изјави украинскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинското оружје уште еднаш навлезе во руската одбрана и погоди стратешки цели на голема оддалеченост од границата со Украина.

„По втор пат нашите санкции, како одговор на руското продолжување на војната, стигнаа до рафинеријата за нафта во Уфа, една од најголемите руски капацитети од тој тип.

Растојанието на оваа цел е повеќе од 1.300 километри од линијата на фронтот“, рече Зеленски, приложувајќи видео снимка од погодената руска рафинерија од која се крева столб од чад.

Покрај огромната рафинерија за нафта во Уфа, украински беспилотни летала и проектили успешно нападнаа уште една критична точка на воената машинерија на Путин, овој пат во регионот на Пенза.

„Нашето оружје стигна до стратешки објект на рускиот воено-индустриски комплекс во регионот на Пенза. Тоа се објекти кои се директно вклучени во развојот и производството на компоненти за ракетно оружје – истите оние што окупаторите ги користат за да ги погодуваат нашите градови и заедници секој ден“, објасни украинскиот претседател, додавајќи дека оваа воена фабрика е на околу 600 километри од линијата на фронтот.

Зеленски нагласи дека Украина нема да се откаже од стратегијата за пренесување на војната на територијата на агресорот и овие удари ги нарече „украински санкции од долг дострел“.

„…Ова е сосема праведен одговор на сè што прави Русија против нас. Мирот е неопходен и токму тоа треба да го разбере руското раководство. Русија мора да ја прекине војната, а нејзиното раководство ги има сите можности да го стори тоа“, заклучи Зеленски.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top