Свет

Зеленски: Путин е во „пат позиција“, може да нападне и други

Украинскиот претседател не ја исклучи можноста Русија да нападне една од земјите на Европската Унија дури и пред крајот на војната во Украина, бидејќи рускиот претседател е во „ќорсокак“

 

 

„Путин е во безизлезна позиција во однос на вистинскиот успех. За него, ова е повеќе ќорсокак. Затоа, овие неуспеси може да го натераат да бара други територии“, предупреди Зеленски во интервју за Гардијан.

„Мислам дека да. Тој може да го направи тоа. Мора да го заборавиме општиот европски скептицизам дека Путин прво сака да ја окупира Украина, а потоа може да оди некаде на друго место. Тој може да ги направи и двете истовремено“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски ја поврза серијата неодамнешни инциденти во кои руски беспилотни летала и борбени авиони ги прекршија границите на источноевропските земји-членки на НАТО – Полска, Романија, Естонија – со фактот дека Русија не успеа да постигне значителен напредок на фронтот во Украина.

Според него, Русија веќе води „хибридна војна против Европа“ и ги тестира црвените линии на НАТО.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top