Свет

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе направи се за планираната средба со Владимир Путин да се одржи оваа недела. – Ако Путин не е подготвен да дојде во Анкара, јас и Ердоган сме подготвени да летаме за Истанбул. Ќе направиме се за да се одржи таа средба – рече Зеленски. Тој посочи дека никој […]

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе направи се за планираната средба со Владимир Путин да се одржи оваа недела.

– Ако Путин не е подготвен да дојде во Анкара, јас и Ердоган сме подготвени да летаме за Истанбул. Ќе направиме се за да се одржи таа средба – рече Зеленски.

Тој посочи дека никој освен него не може да преговара со Путин.

– Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултати. Сè веќе отиде предалеку. Путин се плаши од директни преговори со мене. Ако Путин не дојде и продолжи да игра, тоа ќе биде последниот доказ дека не сака да ја прекине војната – тврди Зеленски.

Зеленски рече дека доколку преговорите пропаднат, очекува „остри санкции“ од САД и ЕУ, бидејќи тоа ќе покаже дека Русија не е подготвена за дипломатија.

Украинскиот претседател рече и дека го поканил Доналд Трамп на средба со Владимир Путин во Истанбул, но американскиот претседател се уште не потврдил дали ќе присуствува.

Зеленски в четврток во Анкара треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а доколку дојде Путин, тој е подготвен да отпатува во Истанбул на директни мировни преговори со рускиот претседател.

Кремљ сè уште не откри кој ќе ја претставува Русија на овие потенцијални преговори. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да одговори на тоа прашање.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top