Меџити: Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“ во Скопје ќе го врати него и Чаир „во центарот на културната мапа на Албанците“ „Порта на културата“ „ќе прерасне во нова традиција, што ќе ги претставува албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста.“ – истакна вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Вреди Изет Меџити по неговата денешна средба со познатиот албански оперски тенор Рам Лахај во Скопје пред 4 мес.
Скандал: „Аналитичарот“ Мехази повикува да се подели „РСМ“ на албански и македонски дел, „зашто никој не ја сака, дури ниту Македонците“?! Дали и како ќе реагираат надлежните државни институции во Република Македонија по ваквиот јавен повик за уривање на нејзиниот територијален интегритет, но имајќи ги предвид и сериозните квалификации за „нереагирањето на НАТО и да се пролее крв во државата“, како и етничките навреди дека „Македонците се Славосрби“? пред 4 мес.
Вреди: ДУИ и пред овие локални избори говори за „референдум“, но на 19 октомври ќе заврши нејзината националистичка измама! ДУИ по 20 години, откако беше на власт, остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините. Владата со Вреди во неа за една и пол година обезбеди рекордни инвестиции и конкретни проекти. пред 4 мес.
ВРЕДИ: Како партнер на Левица, ДУИ гази по достоинството на Албанците Коалицијата ја обвини ДУИ за соработка со партијата „Левица“која се смета за албанофобична пред 4 мес.
Предизборна провокација на Дехари кон Македонците: Нека се вее албанското знаме над Кичево, да се обединат и да се мобилизираат Албанците! Дали се уште постојниот градоначалник на Кичево и кандидат на ДУИ за четврти таков мандат Фатмир Дехари смета дека овој град и општина се некаква „етничка сопственост“ на Албанците и на неговата партија? Бидејќи, организацискиот секретар на ДУИ и поранешен вицепремиер Артан Груби, сега веќе бегалец од правдата, на предизборен митинг на ДУИ во Кичево спроти локалните избори во 2021 година ќе каже: „Кичево е воен плен од 2001 година и Македонец не смее да биде градоначалник на Кичево!“ пред 4 мес.
Ибрахими: Успеавме да ги амортизираме обидите на албанската опозиција да предизвикува инциденти спроти локалните избори „Веќе сум сигурен дека нема да успеат да создадат инциденти. Но, ќе ја држат сцената напната долго време.“ – нагласува лидерот на Алтернатива и еден на челниците на коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими. пред 4 мес.
Се подготвува ли ДУИ за војна, или за локални избори: прогласи „сеопшта национална мобилизација на Албанците“ за 19 октомври?! „Имаме поддршка од сите страни за сеопштата мобилизација. Сите на нога за достоинството, сите на нога за нашата победа!“ – извикува со своевидна воинствена интонација во своето соопштение партијата на Али Ахмети по вчерашната седница на нејзиното централно претседателство, небаре одат во некаков воен судир, а не на локални избори! пред 5 мес.
Рама ги навреди Албанците од Македонија обвинувајќи ги дека се најголеми загадувачи Оние „кои сакаат да војуваат“ со Србија на стадионите се најголемите загадувачи пред 5 мес.
Меџити: Општините со албанско население никогаш немале поголема корист од Владата, отколку што е сега – водоводи, канализација, инфраструктура „Во изминатите две децении од владеењето на ДУИ Албанците доживеаја стотици скандали и измислени судења, криминал и корупција.“ – нагласи вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир од Вреди Изет Меџити. пред 5 мес.
Вреди: Арбен Фетаи ги уништи плановите на корумпираните мафијаши од ДУИ и на Таравари со кланот Ѓока „Секој што ќе ја допре ДУИ е извалкан од нивното морално распаѓање.“ – посочува коалицијата Вреди. пред 5 мес.
Несими: Преименувањето на албанската опозиција како „Национална алијанса за интеграција“ е фарса и измама, целосно се дезориентирани! „Националната алијанса за интеграција е привремен политички проект, ориентиран повеќе од личните интереси на своите лидери отколку од јавниот интерес, и се движи кон тоа да заврши“ – констатира политичкиот аналитичар во својата колумна. пред 5 мес.
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ нема право да зборува во име на Албанците Албанците во Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа е спротивно од она што го нудат Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев пред 5 мес.
21:49 OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ
21:22 Додека Орбан владее во Унгарија, а ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, нема подобрување на односите, уверен е Џамбаски