Тема: Албанци

Се подготвува ли ДУИ за војна, или за локални избори: прогласи „сеопшта национална мобилизација на Албанците“ за 19 октомври?!

„Имаме поддршка од сите страни за сеопштата мобилизација. Сите на нога за достоинството, сите на нога за нашата победа!“ – извикува со своевидна воинствена интонација во своето соопштение партијата на Али Ахмети по вчерашната седница на нејзиното централно претседателство, небаре одат во некаков воен судир, а не на локални избори!

Меџити: Општините со албанско население никогаш немале поголема корист од Владата, отколку што е сега – водоводи, канализација, инфраструктура

„Во изминатите две децении од владеењето на ДУИ Албанците доживеаја стотици скандали и измислени судења, криминал и корупција.“ – нагласи вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир од Вреди Изет Меџити.

Несими: Преименувањето на албанската опозиција како „Национална алијанса за интеграција“ е фарса и измама, целосно се дезориентирани!

„Националната алијанса за интеграција е привремен политички проект, ориентиран повеќе од личните интереси на своите лидери отколку од јавниот интерес, и се движи кон тоа да заврши“ – констатира политичкиот аналитичар во својата колумна.

Арифи: Спроти локалните ДУИ е во паника и ги сокрива неуспесите од 20-годишното владеење со корупција и лично богатење!

Колумнистот нагласува дека Албанците имаат моќ да отворат ново поглавје во албанската политика со својот глас на локалните избори и да го сопрат потрошениот модел на владеење на ДУИ.

To top