Македонија

Меџити: Општините со албанско население никогаш немале поголема корист од Владата, отколку што е сега – водоводи, канализација, инфраструктура

„Во изминатите две децении од владеењето на ДУИ Албанците доживеаја стотици скандали и измислени судења, криминал и корупција.“ – нагласи вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир од Вреди Изет Меџити.

„Во изјава за медиумите вицепремиерот и кандидат на Вреди за градоначалник на општина Чаир Изет Меџити се осврна на горчливата реалност од 20-те години власт на ДУИ. Тој ја разоткри политиката на неговиот противник Бујар Османи. Меџити нагласи дека Албанците никогаш не биле посилни и никогаш немале поголема корист од Владата отколку за време на ова едногодишно владеење и на учество на Вреди во владата – период во кој општините со албанско население за прв пат спроведуваат големи проекти за водоснабдување, канализација и модерна инфраструктура.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Натаму, порталот наведува: „Да беа Албанците чинител во текот на изминатите 20 години со ДУИ денес немаше да зборуваме за водоснабдувањето и канализацијата, за атмосферската мрежа, кои ги правиме. Општините со албанско население никогаш немале поголема корист од Владата отколку што е денес.“ – нагласи Изет Меџити, укажувајќи на неспособноста на ДУИ.

Тој потсети дека во текот на изминатава една годината на учество на Вреди во владата немало ниту еден случај на корупција, ниту политички измислени затворања, додека со ДУИ Албанците доживеале стотици скандали и измислени судења. „ДУИ и Бујар Османи се во паника, бидејќи немаат идеи, ниту визија. Тие немаат што да им понудат на граѓаните, освен страв од нивното мрачно минато.“ – изјави Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top