Тема: Александар Пандов

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

Панихида по повод 101 година од смртта на Тодор Александров

Тодор Александров, е еден од главните столбови на современата македонска држава, а негова животна водилка била идејата за автономна и суверена Македонија-порача Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт -ВМРО-ДПМНЕ, на одбележувањето 101 години од смртта на Александров. Во црквата Успение на Пресвета Богородица во родното место на големиот војвода, штипско Ново Село, се одржа панахида […]

To top