Азески: Дијалогот е единствениот начин за договор за минималната плата, не протестите!
„Дијалогот е клучен за решавање на проблемот со минималната плата.“ – нагласи претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар. Запрашан за барањата за зголемување на минималната плата и поврзано со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и оти е затоа неопходен дијалог. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата.