Тема: буџет

Буџетот за 2026 под лупа: Ќе биде финансиски стабилен или пак зависен од кредити?!

Со Предлог-буџетот, буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се намалени и проектирани на 650 милиони евра. За покривање на долгот, планирано е да се задолжиме околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница.

(Видео): Владата го усвои Предлог-буџетот за 2026 година – ќе тежи 6,7 милијарди евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

Влада: Буџетот е стабилен и ликвиден

Според нив, реализацијата на приходите и расходите се одвива согласно планот и годишната динамика, со традиционално најголема активност во последниот квартал од годината – правило кое, како што посочуваат, секој што ја следи фискалната политика го знае

Исплатена нова транша од 19,4 милиони евра за поддршка на домашните фирми

Во Буџетот за оваа година се предвидени вкупно 250 милиони евра за поддршка на инвестиции. Очекувањата се дека оваа државна поддршка ќе покрене приватни инвестиции во вредност од околу 300 милиони евра.

Доларот зајакнува втора недела по ред – инвеститорите во прашалници

Доларот бележи раст втора недела по ред поради силниот економски раст на САД и намалената невработеност. ФЕД сигнализира дека нема да брза со намалување на каматните стапки, што ги збунува инвеститорите.

Француската влада пред гласање за доверба

Малцинската влада на Франција е пред ризик да биде соборена следниот месец, откако три клучни опозициски партии објавија дека нема да го поддржат гласањето за доверба што го најави премиерот Франсоа Бајру за 8 септември, поради неговите планови за значителни буџетски кратења.

To top