Тема: ДУИ

Меџити претстави план со четири клучни мерки за граѓаните на Чаир

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес во рамките на својата кампања како кандидат на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, пред колективна зграда во процес на енергетска обнова во Скопје, го презентираше сеопфатниот концепт за енергетска ефикасност на колективните згради

Се подготвува ли ДУИ за војна, или за локални избори: прогласи „сеопшта национална мобилизација на Албанците“ за 19 октомври?!

„Имаме поддршка од сите страни за сеопштата мобилизација. Сите на нога за достоинството, сите на нога за нашата победа!“ – извикува со своевидна воинствена интонација во своето соопштение партијата на Али Ахмети по вчерашната седница на нејзиното централно претседателство, небаре одат во некаков воен судир, а не на локални избори!

Тежок удар за Ахмети и ДУИ: оставка на Насер Халити од раководната позиција во огранокот во Петровец, ги обвинува дека станале „роднинска структура“!

Медиумите на албански јазик во Македонија ја нагласуваат во прв ред жестоката критика на партискиот ветеран уште од почетоците на основањето и дејствувањето на ДУИ Халити, сега веќе дел на Демократското движење и на Вреди, дека неговиот досегашен шеф Али Ахмети и неговите истомисленици ги „подготвуваат своите деца да ја преземат власта во партијата, која нема повеќе никаква врска со првичните идеали“!

ВРЕДИ: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорени од Изборна единица 1!

ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети, Артан „нон грата“ Груби и Бујар Османи заедно со целата нивна придружба од Изборната единица број 1.

Вреди: Корумпираните од ДУИ не донесуваа закон за правична застапеност уште од 2003, оти си ги вработуваа внуците и партиските милитанти!

„Тие го сменија кривичниот законик, за да се спасат себеси и своите, оти се сите корумпирани, а ние ги менуваме законите, за да гарантираме правична застапеност на сите.“ – ја обвинува коалицијата Вреди партијата на Али Ахмети.

Меџити: Затворивме важна тема, која ДУИ не ја реши 20 години

Вицепремиерот и кандидат од Вреди за градоначалник на Чаир Изет Меџити им се обрати на градоначалниците на општините, кои доаѓаат од ДУИ, со апел да не ги кочат проектите, што ги започна Вреди како дел од Владата.

„Збуљо“: Артан Груби е сè уште активен и влијае во ДУИ преку брат му Ветон, кој беше вчера на собирот во Чаир!

Информативниот портал на албански јазик тврди дека бегалецот од правдата Артан Груби поправо не ја напуштил ниту за еден момент својата партија, во која „жареше“ и „палеше“ како „десна рака“ на Али Ахмети, додека беше и вицепремиер.

To top