Тема: еу

Македонскиот работник е попродуктивен европскиот, ама за 1/3 од неговата плата

На Македонија ќе и биде потребен половина век за да го достигне животниот стандард на Европската унија. Здружението ЗМАИ нотира неповолно рангирање во образованието и животната средина. Платата треба да расте заедно со продуктивноста, која кај македонскиот работник е поголема од онаа на европскиот.

Калас: Украина не смее да отстапува територии, Русија мора да се соочи со последици

Принципот на територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува, бидејќи ако земјата направи територијални отстапки кон Русија, тоа ќе испрати порака дека агресијата се исплати и дека секој може да користи сила против своите соседи за да го добие она што го сака, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас

Радев: Унгарија да ја убеди Македонија да прифати уставни измени

Бугарскиот претседател ја повика Унгарија да ги убеди властите во Скопјe дека вклучувањето на Бугарите во уставот на Македонија и отсуството на притисок врз Бугарите се неопходни услови за започнување преговори за членство во Европската Унија

ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето

Европската унија размислува за можноста идните членки да се приклучат на Унијата без целосни права за одлучување, вклучително и без правото на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава „Политико“ од Брисел, повикувајќи се на дипломатски извори.

Вулин: Попрво ЕУ ќе ја прими Турција, отколку Србија да ја издаде Русија

Европската Унија целосно да се усогласи со политиката на Србија, вклучително и повлекувањето на признавањето на таканареченото Косово, како и итно повлекување на сите одлуки што го кршат Дејтонскиот договор и ги намалуваат овластувањата на Република Српска

Лаен доаѓа со „европски булдожер“ во нов обид да го „раздроби“ „ѕидот“ на отпорот против бугаризацијата на македонскиот народ и држава (2)

Шпанија и Словачка во своите устави по никоја основа не предвидуваат и не дозволуваат национални малцинства, или етнички групи да можат да здобијат во нивните устави статус како „државотворни народи“, за да не им се овозможи на односните малцинства, или етнички групи, да здобијат право, согласно со меѓународното право, на територијална автономија и самоопределување до отцепување од овие две држави. Односно, право да прогласат сопствена држава на „својот дел“ од територијата на Шпанија и Словачка и потоа да ги припојат кон „своите матични држави“. Ова го истакнуваат реномирани европски и светски експерти за уставно право и политички науки. Токму тоа го бара Бугарија за „бугарските државотворци“ во Македонија, токму ова штедро го поддржуваат Урсула фон дер Лаен и ЕУ! Зошто Лаен не оди и во Шпанија и Словачка и таму да бара промени во нивните устави, па да добијат и некои од тамошните национални малцинства уставен статус како „државотворни елементи“ на Шпанија и Словачка (патем и членки на ЕУ!), па да имаат право на отцепување „свои делови“ и од териториите на Шпанија и Словачка и припојување на тие делови кон „своите матични држави“?!

To top