Бизнис

Стопирани парите од европските фондови за земјоделците, ќе се истражува злоупотреба

Од митото на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството жртва земјоделците. Во незавидна позиција се и фирмите и физичките лица. Засега нема да ги добијат одобрените пари до ИПАРД програмата за развој на нивниот бизнис.

Секој што ги злоупотребил парите од ИПАРД програмата ќе одговара – од прв до последен. Ова е ставот на премиерот откако државата времено ја прекина исплатата на парите од европските фондови, додека трае истрагата за корупцијата во платежната Агенција. Одлуката ја поздрави Европската Унија. Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат парите за да се види до каде оделе злоупотребите.

„Да, јас тоа го побарав затоа што мораме да видиме до каде одат злоупотребите, затоа што првичните информации велат дека не е тоа само од сега туку дека и наназад е правено. Така што, сè ќе истражиме и секој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен, кој сака нека е“, рече Мицкоски.

Од друга страна, социјалдемократите тврдат дека исплатите на ИПАРД не може ниту законски ниту процедурално да ги стопира ни претседател на влада, ни министер ни партија, туку тоа може да го направи само националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што дејствува во рамките на Министерството за финансии, но работи независно, според европски пропишани правила и стандарди.

Исплатите од ИПАРД не може да ги стопира премиерот, тоа е санкција од европскиот систем на контрола, велат од СДСМ.

Од земјоделските здруженија го поздравија потегот на државата, оти како што велат, не било фер некој да печали врз грбот на земјоделците.

Од Основното јавно обвинителство велат дека овој предмет се водел три месеци, каде имало повеќе обвинети. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски избегна директно да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска имплицира дека злоупотреби со ИПАРД-програмата немало само сега, туку оти вакви дејствија имало и претходно кои, како што кажа, ќе бидат истражени.

Одговарајќи на новинарско прашање, Коцевски се осврна на истрагата што Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја отвори против актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и уште четири лица за давање и земање поткуп.

Во таа насока, државниот јавен обвинител потсети дека за неколку обвинети е определен притвор во рамките на истрагата, додека за други детали во овој момент не може да сподели детали.

Од Владата велат дека наскоро Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ќе има нов директор.

ИПАРД програмата за помош за рурален развој, почна во 2021 и ќе трае до 2027 година, за што се користат 128 милиони евра, од кои 97 милиони се од ЕУ, а остатокот е од државниот буџет.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top