„Географијата на економското, животното и политичкото незадоволство“ создава голем отпор кон проширувањето на ЕУ и е закана за нејзиното постоење!
Во овој април 2026 година ЕУ се обидува да го унапреди проширувањето како „геополитички императив“, мотивирана главно од желбата да ја прими Украина во своите редови по секоја цена и затоа му дава на проширувањето третман на „геополитичка неопходност“. Но ЕУ се соочува со длабок внатрешен отпор кон проширувањето, поттикнат од „географијата на незадоволство“ во постојните земји-членки. Експертите истакнуваат дека европските региони, што доживуваат долгорочен индустриски пад, висока невработеност и ниско образование, низок квалитет на јавните услуги и на здравството и јавниот транспорт, се главните носители на евроскептицизмот и европската интеграција, како и на расположението против „далечните елити во Брисел“ и против приемот на нови членки во „евроклубот“. Според тие експерти, „географијата на незадоволство“ многу ги отежнува плановите за проширувањето на ЕУ со Украина, Молдавија и од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија. Taa „географија на незадоволство“ , која се претвора и во масовна „гографија на животно и политичко незадоволств“ низ целата Европска унија и европскиот континент, мора да ја има предвид секој во Република Македонија, што мисли дека штом би стапнале во ЕУ Македонците и сите други граѓани на Македонија ќе ги чека берење на еврата од дрвата. Според експертите и политичките аналитичари, главната придобивка од приемот на македонската држава во ЕУ би било отворањето на „европскиот геополитички и безбедносен чадор“ над неа, подобрената геополитичка „тежина“ во Балканот, но што би било остварливо само под услов да се исполнат сите (бескрајни) барања на официјална Софија, спротивни на сите норми и принципи на меѓународното право и на здравиот разум.