Тема: ИПАРД 3

ИПАРД-3 програмата не е блокирана, цело време се склучуваат договори

Министерот објасни дека веднаш по сознанијата за злоупотреби од страна на директорот и други лица, бил активиран Националниот механизам, по што националниот координатор презел мерки за брза реакција и привремено стопирање на работата на Платежната агенција со цел да се утврди што точно се случувало.

Владата категорично ги отфрла тврдењата на СДСМ за наводна нетранспарентност на ИПАРД-3

Средствата од ИПАРД-3 програмата (2021–2027) во Македонија се привремено суспендирани поради проблеми и сомнежи околу работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, што предизвика прекин на исплатите како превентивна мерка за заштита на европските фондови.

Земјоделците можат да здивнат, наскоро ќе се одблокираат парите од ИПАРД-3

Од сега, нов директор на платежната агенција е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен советник во Министерството за земјоделство која ќе ги движи процесите во Агенцијата за да нема паника кај земјоделците.

Како блокадата на ИПАРД-3 програмата ќе влијае врз земјоделците?!

За ИПАРД-3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

(Видео): За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал, вели Трипуновски

Министерот Трипуновски вели дека Николовски кој што деновиве се појавува на прес конференции ја нема раздолжено техничката опрема која што ја има задолжено во Министерството. Трипуновски истакна уште еден пример, имено по склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството.

To top