Тема: локални избори

Судирот на Мерко со ДУИ и Ахмети е одраз на расколот и вриежите во партијата, од која преминуваат во Вреди десеттици активисти и цели структури!

Косовскиот новинар и политички аналитичар Батон Хаџиу во август годинава во своја колумна нагласи дека „Али Ахмети е веќе влезен во циклус на самоуништување“, а оти за ДУИ локалните избори ќе претставуваат „политички погреб уште во првиот круг на гласањето“!

Даути: Ужасно е беснеењето на ДУИ, за да се врати на власт, но есенва ќе заврши нивната долга ера на злоупотреби и малтретирање на Албанците!

Заменик-директорот на Царината на Република Македонија Мустафа Даути се мајтапи со ДУИ, нарекувајќи ја „партија со соларен панел“, на која и „снемало сончева енергија“ веднаш штом ја изгуби власта!

Ибрахими: Цел ни е да победиме на изборите и со листите за градоначалници и со советничките листи во сите општини, каде што ќе учествуваме

Лидерот на партијата Алтернатива од коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими го одрази големиот оптимизам, кој владее во нивната коалиција на прагот на годинашниве локални избори, образложувајќи дека тој оптимизам се засновува врз мерењата на рејтингот на партиите во општините и согледувањата околу расположението на гласачите.

Вреди: ДУИ и пред овие локални избори говори за „референдум“, но на 19 октомври ќе заврши нејзината националистичка измама!

ДУИ по 20 години, откако беше на власт, остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините. Владата со Вреди во неа за една и пол година обезбеди рекордни инвестиции и конкретни проекти.

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција – Левица ќе има кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, само за да ја спасува ДУИ

„Не можеме наеднаш да поправиме се што било уништувано со децении. Направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ветувавме чесна и напорна работа и тоа го правиме во изминативе 15 месеци. Нема криминал, скандали на грабеж, на висока корупција, како што имаше секој ден во изминатите години.“ – посочи претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто, дадено за ТВ Алсат М вчеравечер.

To top